ВИДЕО: Каков срам за Петре Шилегов
Однесувањето на портпаролот Петре Шилегов на Анкетната комисија вчера во Собранието е за секоја осуда, коментираат пратениците.
Шилегов, уште еднаш, по којзнае кој пат го покажа вистинското деструктивно лице на СДСМ полно со фрустрации, омраза и некултура, лице поради кое социјалдемократите веќе со години се во опозиција, а последните анкети покажуваат дека таму ќе останат и по изборите на 24-ти април, бидејќи најрелевантните институции за испитување на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ.
„Госпоѓо Владанка зошто сте имале толку несреќно детство БЕ, што ви правеле мала кога сте биле?“ – се зборовите на Претседателот на анкетната комисија Шилегов со кои и се обрати на Авировиќ, која важи за една од пратениците со подолг стаж во Собранието од веќе актуелниот состав.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа