ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без срам говори за железничка инфраструктура, еден метар пруга не поставија
СДСМ кога говори за железница е класично лицемерие. СДСМ без срам и перде говори за железничка инфраструктура, а еден метар пруга не поставија, половина вагон не набавија и еден клинец не заковаа на железничките станици, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Целата македонска јавност е сведок и добро памети само за еден проект, едно ветување, една голема лага, од 1994 година, пругата кон Бугарија. Оваа лага на СДСМ ќе се памети во наредните 100 години и по тоа останувате запаметени.
Реалноста говори за проекти и дела на ВМРО-ДПМНЕ. Денес се реализа сето она што СДСМ незнаеше или не сакаше да го направи во областа на железничката инфраструктура.
- Интензивно се работи на реконструкција и изградба на пругата на делница Куманово-Бељаковци,
- Се изврши ремонт на пруги на делница Табановце Куманово (12 км) и Миравци Смоквица (12 км),
- Во тек ремонт на делница Ногаевци до Неготино (31 км),
- Се изврши набавка на 150 вагони од различни типови за товарен превоз,
- Се набавија 6 нови патнички возови,
- Следната година се планира да се набават уште 4 нови,
- Во тек е ремонт со реконструкција на делницата Битола-Кременица како дел од кракот 10д од Коридорот 10,
- Во крајна, финална фаза е рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје.
Во тек рехабилитација, надградба и реконструкција на поголемите железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10Д, Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино – Вардар.
СДСМ исто така дрско лаже и манипулира со автопатската инфраструктура. Само во овој период изградени сеавтопатските решенија на обиколницата во Скопје и делницата од Куманово до Табановце во вкупна должина околу 35 километри, а во овој момент се интензивно се работи и делниците Миладиновци-Штип, Смоквица-Демир Капија и Кичево- Охрид кои се со вкупна должина од 156 километри. Толку автопатски делници не биле изградени вкупно во периодот од 60 години наназад.
Фактите покажуваат кој градел а кој ја лажел јавноста. Затоа граѓаните својата поддршка на 9 изборни циклуси во континуитет ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи можат да ја препознаат посветеноста и континуираниот ангажман кој што го имаме на сите општествени полиња, а особено во делот на градење и осовременување на патната и железничката инфраструктура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа