Конкурси за избор на директори на три национални установи

Министерството за култура денеска распиша три конкурси за избор на директори на националните установи „Кинотека на Македонија“, „Музејот на современа уметност“ и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Огласите се објавени во јавните гласила. 

Кандидатите за избор на директори на установите, покрај општите и посебни услови кои се наведени во конкурсите, треба да достават своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2015-2019), во согласност со Законот за културата.  Конкурсите траат осум дена од објавувањето.

Министерството за култура, согласно член 31-а од Законот за културата, со избраниот директор на националната установа по овој јавен оглас, ќе склучи менаџерски договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на Министерството за култура и директорот.

 
 
10.12.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега