Пратениците со полни раце работа
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 82. седница, а по нејзиното завршување пратениците ќе продолжат со точките од дневен ред од 74-та седница.
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците, по скратена постапка, и Предлог на закон за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, поднесен од пратениците Александар Николоски, Драган Цуклев и Реџаиљ Исмаили, се на дневен ред на 82 седница.
По завршувањето на оваа седница најавено е продолжување на 74. седница на која треба да продолжи дебатата за измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование, по скратена постапка. На дневен ред се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог на закон за пробација, дополнувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, измените на Законот за учебници за основно и средно образование, поднесен од пратеникот Енес Ибрахим и Предлог на закон за амнестија, поднесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, сите во прво читање.
Во рамки на 74. седница пратениците треба да дебатираат и по Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа