Важна вест за возачите - на овие патишта има намалена видливост

Магла со видливост 30 до 50 метри има кај Крива Паланка, додека во Битола, Прилеп, Плетвар, Штип и Кочани видливоста е 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

 
 
09.12.2015 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега