Епилог Груевски - Петковски во понеделник
Во понеделник во 12:30 скопскиот Граѓански суд ќе ја соопшти пресудата за случајот во кој премиерот Никола груевски го тужи пратеникот и лидер на НСДП, Тито Петковски за клевета. Груевски побарува 15.000 евра оштета од лидерот на НСДП бидјеќи во изјава за еден весник, Петковски рекол дека Премиерот се согласил на промена на уставното име на државата во Република Македонија (Скопје)
Груевски вчера пред Судот тврдеше дека ваквата изјава на Петковски му предизвикала вознемиреност, додека Петковски се бранеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не претрпел никаква материјална штета.