Возач сте? - задолжително прочитајте ја оваа вест

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Магла со видливост до 50 метри има кај K.Паланка, Страцин,Тетово, Битола, Прилеп, Кичево, М.Брод, Кула и Петровец. На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопштија од АМСМ.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 
 
06.12.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега