ВМРО-ДПМНЕ со трибини во Пробиштип и Облешево
Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се одржат две трибини како дел од кампањата “На Македонија и треба твојата идеја”.
Според најавите првата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во ресторан Црешово Топче во Пробиштип, а втората трибина ќе се одржи во 20:30 часот во спортска сала во Облешево.
На трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
04.12.2015 - 15:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа