Прекин на сообраќајот: Еве како да ја избегнете гужвата
Поради изведување градежни работи со минирање на патот Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека село Врбјани, денеска од 12:30 до 14:30 часот сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15-ти Ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа