Завршна конференција за образование на возрасни и исклучени лица

 

 

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска ќе се обрати на завршната конференција за твининг проектот „Поддршка за градење на капацитетите на Центарот за образование на возрасни и развој на програми за образование на возрасни, за описменување и завршување на основно образование на исклучените лица“ што ќе се одржи во Скопје.

Целта на проектот е да придонесе за сеопфатен развој на образованието на возрасните и доживотното учење во земјата.

Проектот е во рамки на ИПА Оперативната програма за компонента 4 – Развој на човечки ресурси, а носител е Групата од јавен интерес за развој на техничка помош и меѓународна соработка од Париз (ГИП Интернатионал), тело во рамки на Министерство за труд, вработување и стручна обука на Франција.

ФОТО: Денешен

најчитано сега