Попоски: Тероризмот не треба и нема да победи

Тероризмот не треба и нема да победи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски во обраќањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград.

Поповски, како што соопшти Министерството за надворешни работи, се осврнал на посветата на Република Македонија за имплементирање на целите на ОБСЕ, особено оние за борба против тероризмот и радикализацијата. 

Во вториот дел од сесијата шефот на македонската дипломатија укажал на македонските напори за справувањето со мигрантската криза.

- Сегашната мигрантска криза претставува голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик со кој се соочува голем дел од Европа. Ова има потенцијал и за негативен ефект врз односите меѓу земјите членки на ОБСЕ. Проблемот ги надминува националните граници и оттука е потребна глобална и координирана акција, а на истото конечно се работи интензивно. Тоа не охрабрува, но е сеуште далеку од оддржливо решение, потенцирал Попоски.

На билатералните средби на Попоски при учеството на состанокот  е разговарано за тековните политички и безбедносни предизвици во ОБСЕ регионот, како и состојбата со мигрантите низ балканската рута, с евели во соопштението од МНР

 
 
03.12.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега