Фронтекс доаѓа на македонско-грчката граница

Фронтекс денеска се договори со Грција да ги прошири своите активности на границата со Македонија, каде ќе помогне во регистрација на мигрантите, се вели во соопштение на Европската агенција за управување со надворешните граници .

Испраќањето на дополнителни полицајци ќе започне следната недела.

Во соопштението се прецизира дека што е можно побрзо ќе биде спроведена заедничка посета на терен од страна на грчките власти и Фронтекс со цел да се разработат техничките детали за распоредувањето.

- Од клучно значење е сите мигранти кои влегуваат во Европската унија да бидат соодветно регистрирани. Мигрантите на северната граница на Грција ќе бидат проверени и оние за кои ќе се утврди дека не се соодветно идентификувани, ќе бидат регистрирани, изјави извршниот директор на Фронтекс Фабрис Легери.

Зајакнување на постоечката операција на Фронтекс на грчките острови и помошта при регистрацијата и земањето отпечатоци на мигрантите на копнените граници на Грција беа меѓу заклучоците на Самитот на лидерите на земјите од Балканската рута во октомври.

Фронтекс веќе им помага на грчките власти во идентификација и регистрирање на мигрантите. Агенцијата во моментов има 195 службеници на егејските острови кои се најпогодени од миграциските текови, кои идентификуваат мигранти и собираат разузнавачки информации за мрежи за шверц на луѓе. Само на Лезбос, Фронтекс во моментов има распоредено 83 полицајци, се вели во соопштението.

Во октомври, Фронтекс ги повика земјите-членки да обезбедат 775 гранични полицајци за нејзините активности, од кои 600 би биле распоредени во Грција. Досега земјите-членки имаат понудено 447 службеници

 
 
03.12.2015 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега