Поповски: Добар сигнал упатувањето на Фронтекс на македонско-грчката граница

 

На  македонско-грчката граница ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ - Фронтекс, одлучи ОБСЕ на денешниот состанок во Белград на кој присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Според постигнатиот договор, војниците на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

Министерот Поповски по состанокот на ОБСЕ изјави дека упатувањето на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите.

- Конечното упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал. После долго убедување мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите кои постоеја во изминатиот период и конечно мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти, бидејќи присуството на  Фронтекс ќе значи помош и во делот на регистрирање и определување на натамошно процесуирање на мигрантите, изјави министерот Поповски.

 
 
03.12.2015 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега