Мисајловски: Нов автопат Кичево-Гостивар ќе се гради од идната година

 

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешната трибина која ВМРО-ДПМНЕ ја одржа во Струга истакна дека идната година започнува со градба новиот автопат Кичево-Гостивар.

Воедно посочено беше дека планирана е реконструкција на повеќе патни правци: Крива Паланка-Македонска Каменица, Скопје-Велес,Прилеп-Градско, Битола-Ресен-Буково-Штип. Воедно ќе се гради и нова автопатска делница од Струга до Требениште од по две ленти и една застанувачка во должина од 8,5 километри.

Мисајловски нагласи дека над една милијарда евра се инвестирани во патната инфрастуктура на територија на целата земја, и додаде дека лесно е да се критикува и плука како што тоа го прави СДСМ, но тешко е да се гради.

Министерот за транспорт и врски истакна дека продолжен е рокот за легализација на дивоградби, односно граѓаните ќе имаат дополнителни три месеци да ги легализираат дивоизградените објекти.

Мисајловски истакна дека проектот за шесте типа на куќи за кои се изработени бесплатни проекти со сите фази во изградбата е реализиран како идеја од граѓаните.

 
 
29.11.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега