Димовски: Граѓаните знаат дека ветеното од ВМРО-ДПМНЕ се исполнува
Овојпат се соочуваме со најголем предизвик затоа што се употребуваат најниските начини да се дојде на власт, немајќи механизими, СДСМ користат методи од подземјето, со најдолен карактер за да ја претстават ВМРО-ДПМНЕ во лошо светло. Но илјадници наши сограѓани ги гледаат патиштата што се градат, училиштата и сите проекти, вели Димовски на партиската трибина која попладнево се одржа во Струга.
Тој додаде дека било кој граѓанин во Македонија кога ќе добие програма од ВМРО-ДПМНЕ знае дека таа се реализира.
-Граѓаните знаат дека ветеното од ВМРО-ДПМНЕ се исполнува, некогаш се задоцнуваат, некогаш се комплицираат, но никогаш не остануваат неисполнети. Да не се обидуваат од СДСМ да измислуваат афери кои подоцна не можат да ги докажат. Дадениот збор е многу важна работа, луѓето тоа го препознаваат. СДСМ шест години ја малтретира македонската јавност со измислена приказна за немање слободна волја, сега има медиуми во кои секој пишува и кажува што мисли и размислува. СДСМ велат дека се борат за слобода и демократија, но не нудат свое размислување, туку во првиот момент понудија партизација на медиумите, вели Димовски.
Во однос на настаните во Диво Насеље, Димовски вели дека неколку дека по случувањата опозицијата се обидувала да го искриви целиот настан обидувајќи се да презентира политичка и меѓуетничка кавга.
-Не дадоа поддршка на безбедносните сили и граѓаните, велеа сценариотп е од власта за да не се слушнат таканаречените бомбите на СДСМ. Вчера лидерот на СДСМ во Словенија вели настаните во Куманово беа исти како оние во Париз. Како луѓето се надеваат дека некој ќе им верува, кога е во право Заев кога зборува за слобода на медиуми или прави партизација на медиумите, додава Димовски.
Тој заклучи дека следи периот во кој што ќе бидат изложени на манипулации и лаги, но додаде дека се спокојни затоа што се докажа дека ниедна манипулација не ги тргнува од патеката за подобра Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа