Милошоски: Со прибирање идеи од граѓаните се прави добра политика
Програмите за избори ги пишуваме заедно со граѓаните, не во канцеларија како другите. Од 2006 да се има политичка програма стана нов политички стандард во Македонија да се изготви проект, да се изготви програма врз барањата на граѓаните, да направиме заедничка програма и сега како и претходните.
Ова на трибината во Струга која се одржа попладнево го истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-Се забележува како разлика работата на потегот Кичево- Охрид со бројна механизација и градење за прв пат проекти кои никогаш не биле споменати. Градењето на автопатот и отворање на две странски инвестиции во охридско-струшки регион, ОДВ Електрик и Костал. Одредени политички партии не се задоволни, не затоа што не се свесни за постигнувањата, туку затоа што тие не знаеле да го направат тоа! На минатите избори победивме со 200 000 гласови разлика, непризнавањето на овие избори значи непризнавање на волјата на народот, вели Милошоски.
Тој истакна дека резултатите од анкетата спроведена од ИРИ јасно покажуваат дека на народот не му требаат шпионажи, оговарања и омаловажувања. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, вели Милошоски, е двојно поголем од рејтингот на СДСМ, додека пак граѓаните имаат три пати повеќе доверба во премиерот Никола Груевски отколку во Зоран Заев
- Со прибирање идеи од граѓаните се прави добра политика. Во нашата градењето на нашата програма нема да дадеме никаков изговор на никого да ги оспорува резултатите од овие избори. СДСМ споменува афера за 30 000 фалсификувани лични карти, СДСМ да докаже кој го направил ова и да го изведе пред лицето на правдата, а не да манипулира со народот, вели Милошоски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги наведе големиот број проекти кои се спроведени во инфраструктурата, образованието, здравството, туризмот, додавајќи дека сакаат да се натпреваруваат со останатите политички партии со идеи.
-Ние сакаме да се натпреваруваме со програми и идеи, затоа сакаме луѓето да излезат со свои идеи. Сите тие идеи сериозно ќе се разгледуваат и ќе се преточат во изборна програма за изборите во 2016, без разлика дали идеите доаѓаат од партиски или непартиски членови, Македонци или Албанци, богати или сиромашни, за секој човек да биде подобро, заклучи Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа