За што најчесто се бара совет на „Ало докторе“?
1264 повици во изминатата недела од 16.11.2015 година до 22.11.2015 година на телефонската линија за медицински совет Ало докторе.
63200 повици вкупно од 15.09.2014 година на 02/15 123 од кога започна да работи телефонската линија за медицински совет Ало докторе.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
25 Доктори вкупно се достапни за медицински совет .Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки , респираторни симптоми ,покачена телесна температура , за сезонски вируси предизивикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината и проблеми со покачен крвен притисок.
На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе, им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа