Груевски: Повикуваме на интензивирање на координацијата со институциите на ЕУ за мигрантската криза
Мигрантската криза и последиците од неа врз Македонија, Унгарија и останатите земји од регинот, кои се наоѓаат на мигрантската рута, но и врз целиот европски континент, исто така беа тема на разговор на македонскиот и унгарскиот премиер при денешната средба.
Тие констатираа дека по одлуките на европските земји за обезбедување на проток на мигранти само и исклучиво од земји кои се загрозени од воени конфликти, се создава нова ситуација која создава нови предизвици за кои се потребни механизми за надминување на предизвиците.
-Го запознав премиерот Орбан, дека мигрантската криза предизвикува огромен притисок врз човечките, материјалните и финансиските капацитети на Република Македонија. Сите надлежни државни институции вложуваат огромни напори за хуман и достоинствен третман и премин за мигрантите и бегалците. Повикуваме на интензивирање на координацијата со институциите на ЕУ, зголемена присутност на терен особено на македонско-грчката граница, изјави премиерот Груевски.
Орбан истакна дека Република Унгарија дава поддршка на нашата земја за справување со овој предизвик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа