Нов станбено-деловен објект се гради во општина Илинден - инвестиција вредна 2,5 милиони евра
Во општина Илинден се гради нова зграда што се проститира на 6.000 метри квадратни станбен и 800 метри квадратни деловен простор. Камен-темелникот денеска го постави градоначалникот Жика Стојановски.
Новата станбена зграда со приземје, пет ката и поткровје ќе располага со 84 стана со различна површина, од 40 до 91 метар квадратен, како и шест деловни простори со површина од 105 до 250 метри квадратни.
Инвеститор на објектот е фирмата „Два брата градители“, а вкупната инвестиција чини 2,5 милиони евра. Новиот станбено-деловен простор треба да биде готов до крајот на идната година.
Според инвеститорите, голем е интересот за становите во новата зграда. Со ова, како што информира општина Илинден, уште еднаш се потврдува дека Илинден, покрај тоа што е посакувана дестинација за голем број инвеститори од земјата и од странство, последниве години станува и посакувано место за живеење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа