Поголема грижа за бремените жени од руралните средини и жените Ромки

Пакетот мерки за намалување на смртноста кај мајките и доенчињата предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство при Министерството за здравство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование.

-Покрај советување на жените за потреба од избор на матичен гинеколог и мерки за здрава бременост, партонажните сестри ќе закажат по најмалку еден бесплатен преглед кај гинеколог од секундарна или терциерна здравствена заштита и за истото ќе ги известат жените, нагласи министерот Никола Тодоров.

Преку следната мерка ќе се зајакне грижата за жените од руралните средини како и грижата за жените Ромки кои ќе бидат советувани за потребата од избор на матичен гинеколог од страна на ромски здравствени медијатори, а ќе им биде и организирано закажување по најмалку еден бесплатен преглед кај гинеколог.

 
 
19.11.2015 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега