Деспотовски: Странските компании помагаат во напредокот на Македонија

 

На денешната жестока дебата во Собранието на Република Македонија по повод предлог Буџетот за 2016 година пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотовски, се осврна на бенефитите кои што Република Македонија ги има од странските инвестиции.

„Рековте дека Македонија ќе стане економска колонија. Зарем Чешка, Унгарија, Словачка се нечии економски колонии? Јас сакам мојата земја да е колонија на Епл, Микрософт и други компании од светот. Таму работат најпаметните луѓе во светот и од нив можеме да учиме и да напредуваме. Добро е што оваа Влада во овој буџет има предвидено 553 682 000 денари за изградба на инфраструктура во слободните индустриски зони во Република Македонија. Само така ќе привлечеме да дојдат нови светски и напредни компании од кои не само што ќе имаме корист со извозот и соработка со домашните компании туку многу ќе научиме за новите технологии и како да напредуваме понатаму“, изјави Деспотовски.

 
 
18.11.2015 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега