Се подобрува здравствената состојба на шест годишниот Марко од Хиподром

Шестгодишниот Марко, кого мајката го фрли од зграда во скопската населба Хиподром, е подобро и во текот на денешниот ден од интензивната нега ќе биде префрлен на оддел на Клиниката за неврохирургија каде понатаму ќе му се следи здравствената состојба, информираат од Клиниката за интензивно лекување.

Во подобра состојба е и мајката, почнала самостојно да дише и да комуницира, но таа се уште останува на интензивно лекување поради сериозноста на повредите и поради потреба да и се прават и допонителни испитувања.

Во понеделникот мајката го фрли детето од балконот а потоа и таа скокна од петтиот кат во зградата во која живееја во Хиподром. Падот на детето го ублажиле соседите и таткото кои го пречекале долу по зградата, а мајката скокнала од прозорец од станот каде што не бил поствен душек кој требало да го ублажи падот. Зошто се случи оваа трагедија засега е нејасно. Според информации од семејството, 37-годишната жена имала психички проблеми.

 
 
18.11.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега