Алпинистички тим пробал да ја убеди мајката да не скокне од зградата

Нови детали за настанот кој вчера ја потресе Македонија. Во скопската населба Хиподром, во 9 часот,  37-годишната Е.С. го фрлила своето шестгодишно синче од терасата на петтиот кат на станот во кој живеат.

Според податоците, откако мајката си го фрлила детето, падот бил забавен бидејќи за среќа тоа удрило во жица за сушење алишта, а потоа го фатиле таткото и негов сосед, по што детето веднаш со возило на Итната медицинска помош било пренесено на Ургентен. 

Полицијата која веднаш излегла на местото на настанот и забележала дека мајката по делото кое го направила се заклучила во станот, во кој надворешната врата била блендирана, веднаш започнала со преговарање, со цел да не се случи трагедија. Откако мајката одбила да ги послуша полицајците и се доближила до прозорецот од станот, за да скокне, бил ангажиран и алпинистички тим, а во моментот кога скопјанката сакала да скокне, полицискиот службеник се спуштил до прозорот обидувајќи се да ја фати, но истата откако го здогледала веднаш скокнала по што се здобила со тешки телесни повреди и била веднаш пренесена на скопските Клиники.

Овој настан ја потресе македонската јавност. За среќа, детето сега е во стабилна состојба.

 

    

 

 

        

 
 
17.11.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега