МЕГА СКАНДАЛ: СДСМ спроведува директна партизација на институциите
Иако најголемата опозициска партија постјано говори за некаква департизација, примерите кои СДСМ ги спроведува во пракса претставуваат еклатантен доказ дека СДСМ директно ги партизира институциите. Новата министерка за труд и социјална политика Дросина Ташевска – Ременски постави партиски цензор да одлучува за одговорите кон граѓаните.
Иако на раководна фунција во МТСП е само неколку дена, Ременски веќе ја злоупотреби функцијата министер во полза на партија. Според најновото известување пратено до службите од кабинетотот на Ременски, се дава надлежност на претседателката на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска, да го одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните, што е спротивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата.
После ова, неминовно се поставува прашањето како може претседателка на партиска комисија која не е вработена во министерството за труд и социјална политика да одобрува било каков одговор на стручните служби во министерството? Ова е досега невиден скандал, партизација на институциите и злоупотреба на овластувањата на Ременски, пишува Курир.
Оние кои цело време ламентираат за департизација, од овој пример се гледа дека директно, јасно и прецизно спроведуваат партизација на институциите. Поставувањето партиски кадар кој не е вработен во министерството да биде главен цензор е еклатантен доказ за партизација.
Мила Царовска не е вработена во министерството, што преставува директно рушење на институциите и отсликува како СДСМ замислува демократизација. Дополнително, нема никаква логика човек кој не е вработен во една институција да одлучува за работи за таа институција. Таков случај не постои.
Според познавачите, ова значи дека се' што ќе подготват стручните служби како одговор до секој граѓанин, ќе треба да оди на цензура во штабот на СДСМ, случај кој го нема никаде, освен во Северна Кореја. Со ова, СДСМ сака грубо да се замеша во животите на секој граѓанин, односно сака секој проблем што го има граѓанинот, а за кој ќе се обрати до стручни служби на министерството да оди на увид, на скен во СДСМ, и партијата да одлучува за сечии судбини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа