ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ незапирливо ита кон дното
Очигледно соопштенијата на СДСМ и денес се диктирани директно од Палма де Мајорка каде Зоран Заев избега за да не се појави пред судот во Македонија. Се гледа дека СДСМ не може да влезе во колосек после одмарањето викендов, па дури денес одлучи да реагира на вчера најавените инвестиции во здравствениот систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Затоа сакаме да ги разбудиме и да им ја освежиме меморијата дека реално гледано, нивниот викенд-успех се сведува на три соопштенија во кои со навреди, лаги и манипулации се обидуваат да ги оцрнат резултатите на владата на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од нивните викенд-активности на Палма де Мајорка, владата ВМРО-ДПМНЕ во Македонија најави отварање на 3 нови пункта на Итната Медицинска Помош во Скопје, 75 нови вработувања во овие екипи и 12 нови возила за Итна Медицинска помош.
За СДСМ набавката на нови возила за ИМП била начин како да се „испере уште некоја пара од граѓаните“. Срамни се ваквите конструкции, срамна е фрустрацијата поради која за СДСМ се единствено важни парите, а се неважни животите на граѓаните и намалувањето на времето на пристигнување на Итната Медицинска Помош.
За СДСМ напаѓачите кои со огнено оружје посегнаа по животите на докторите се „измачени и незадоволни пациенти кои се подготвени правдата да ја земаат во свои раце“. Има ли пилот во авионот на СДСМ? Има ли крај нивната нечовечност? Свесни ли се дека во иста реченица не може и да ги бранат докторите и да ги бранат оние кои пукаат врз докторите? Дури и од СДСМ, многу е.
Знаеме дека соочени со сопствената немоќ и безидејност, докажаните безработници од СДСМ е логично да имаат катарактата кога се во прашање заложбите на ВМРО-ДПМНЕ и реализираните проекти.
Меѓутоа народот на Република Македонија нема катаракта веќе 9 изборни циклуси по ред. За народот новите возила во итната медицинска помош се грижа за неговото здравје, а не „украдени пари на народот“. За народот револверашите кои пукаат во доктори се криминалци, а не измачени граѓани кои преземаат правда во свои раце.
СДСМ незапирливо ита кон дното. За 159 дена ќе се соочи со резултатот на својата срамна политика. Народот ќе ја достави казната на 24 април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа