ПАРТИЗАЦИЈА НА ДЕЛО: СДСМ мисли дека е МВР

 

Најголемата македонска опозициска партија СДСМ влегува од глупост во глупост. Откако нејзниот министер синоќа донесе скандалозна одлука со која направи невиден преседан и ги одзеде овластувањата на вработените во МВР, СДСМ денеска испраќа соопштенија за ситуацијата во МВР, наместо истото да го стори министерството. 

Во соопштение испратено утрово од партијата се вели дека одлуката на Спасовски дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер, било  за да се спречеле сите злоупотреби.

 Иако СДСМ вели дека со ова Министерството за внатрешни работи, како државна инситуција, ќе им служи на сите граѓани, сепак фактите говорат дека постапките на Спасовски претставуваат ништо друго, туку султанизирање на позицијата министер и партизирање на министерството, што воедно се потврдува со соопштението кое стигна од партијата, ане од МВР.

Одземањето на сите пренесени ингеренции од досегашните министри на раководителите на сите организациски единици на министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, УБК и сите сектори во Управата, спротивно на Законот за Влада усогласен на последната средба меѓу партиите за затворање на Договорот од Пржино, значи дека сите осомничени за убиства, криминал, тероризам, грабежи, педофилски напади, насилства, силување не може да се апсат без налог на министерот.

Партизацијата на СДСМ се покажува на дело веднаш по доаѓањето на Спасовски на министерската фунција. Воедно, Спасовски со одлуката ги приграби и овластувањата за набавки. Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од вчера, полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластувања.

 
 
13.11.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега