ВМРО-ДПМНЕ: Кога Вицето ти е идол не можеш да зборуваш за странски инвестиции
Тешко е да се очекува од луѓе чиј економски идол е Вицето да разберат што значи напор да се привлечат странски инвестиции и да се увезе капитал и знаење.
Тоа може да го препознаат само реномирани меѓународни експерти како луѓето од „Дуинг Бизнис“ кои ја рангираа Македонија на 12-тото место во целиот свет и го фрлија во депресија СДСМ кој кога Македонија е успешна нема аргументација за да ги продава своите лаги и манипулации.
Затоа СДСМ сака да се заборави на повеќе од 50-тината странски инвестиции меѓу кои се Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици други производствени погони низ цела Република Македонија.
Затоа за СДСМ постојат само лагите и манипулациите бидејќи она што тие имаат да им го понудат на граѓаните кога се во прашање странските инвестиции е огромна нула. И кога имале прилика да донесат автомобилски гиганти во Македонија не ја искористиле бидејќи за нив секогаш личните интереси биле пред државните.
СДСМ сака да се заборави и дека во Охрид суверено владееа од 2005 до 2013 година, период во кој заковаа три шајки низ целиот град. Затоа денес СДСМ за минатите 10 години во Охрид зборува како да паднале од Марс, а не од власт во Охрид.
СДСМ ќе сака да се заборави и изборниот пораз кој ги очекува во април 2016. Меѓутоа, народот не заборава. За ваквите халуциногени тези на СДСМ му остануваат 163 дена. Казната доаѓа.
(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа