14 сообраќајки во Скопје: Уште една жртва на улиците

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле уште 14 сообраќајни несреќи. Од нив четири завршиле со полесни телесни повреди кај тројца возачи, двајца сопатници и еден возач на мопед, а девет од сообраќајките се со причинета материјална штета.

Утрово се случила и несреќа во Чаир во која за жал 67-годишен пешак го загубил животот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци, а Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Централното основно училиште „Круме Кепески“ и во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Кисела Вода.

Во 18 и 19 часот, пак, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки поради спортските натпревари на Националната арена „Фили Втори Македонски“ и во СЦ „Јане Сандански“.

 
 
12.11.2015 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега