Откриена причината за крвавото убиство во Радовиш

Откриена причината поради која се случило крвавото убиство во Радовиш. 28-годишниот Д.С. од Прилеп си заработи кривична бидејќи е главниот осомничен за убиството на Јашар кој пред неколку дена беше пронајден како лежи мртов во својата куќа. Како што пишува Фактор, прилепчанецот и неговата девојка дошле на гости во куќата на веќе починатиот и започнале жестока расправија, бидејќи Јашар и изјавил љубов на девојката на неговиот братучед, додека тој бил во продавница. Кога се вратил и видел што се случува, здивел и започнал жестока расправија, а потоа и тепачка  во која загина 26-годишното момче.

Потоа, прилепчанецот и девојката го заклучиле во домот и си заминале.

СВР Струмица го приведе осомничениот и му одреди мерка притвор од 30 дена.

 
 
10.11.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега