Трагедија во Струга: Маж се удави - со автомобил паднал во Црн Дрим

Четириесет и осум годишниот Невзат М. од Струга попладнево го загуби животот откако со својот автомобил паднал во Црн Дрим.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 17:20 часот на патот Охрид-Струга, на влезот од Струга. Невзат од засега неутврдени причини паднал со својот автомобил во реката и се удавил кога автомобилот целосно се нашол под вода.

Жители на населбата велат дека тој се враќал наназад со автомобилот пред да падне во реката.

Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати деталите под кои околности се случила истата.

 

 
 
 
 
07.11.2015 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега