Криминалец избега од суд во Гостивар - полицијата морала да пука

Вчера околу 13,45 часот во Гостивар, во една од просториите на Основен суд-Гостивар, А.Д.(39) од Р.Албанија, бил донесен од Истражен затвор-Скопје на судење. Тој искористувајќи згодна прилика се дал во бегство, скокајќи преку прозорецот од судот. Од страна на судскиот полицаец бил испукан еден куршум од огнено оружје кон него, но А.Д. успеал да побегне. По кратко време, се наведува во соопштението од МВР, албанскиот државјанин бил пронајден и приведен во ПС-Гостивар, кој поради здобиените повреди при бегањето, е пренесен во МЦ-Гостивар за укажување на лекарска помош. Подоцна е префрлен во КПУ-Скопје за издржување на казна притвор. Извршен е увид од страна на ОЈО-Гостивар и ПС-Гостивар. По целосно документирање и расчитсување на настанот против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 
07.11.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега