Отпуштените Македонци на протест пред Општина Кичево

 

Денеска во 11 часот, пред зградата на општина Кичево на протест ќе излезат луѓето кои минатата недела добија откази од страна на новите градски власти, предводени од градоначалникот Фатмир Дехари.

Освен отпуштените,  денеска,  во знак на солидарност ќе протестираат и нивните роднини, пријатели и солидарни граѓани на Кичево.

Минатата недела без работа останаа петнаесетина административци и пожарникари вработени со договор на дело. Градоначалникот Дехари како образложување посочува на неможноста тие да бидат исплатени бидејќи општината била во долгови. Кичевчани сметаат дека основниот критериум за отпуштање на работниците била етничката припадност, бидејќи не биле отпуштени Албанците кои се вработени со договор на дело.

ФОТО: Денешен

најчитано сега