Беџети потврди: Поднесов тужба против Беќим Фазлиу
Министерот за правда, Блерим Беџети, денеска за време на уништувањето на запленетата дрога и оружје во „Југохром“, потврди дека поднел тужба против пратеникот на ДПА, Беќим Фазлиу, пренесува Плусинфо.
Министерот одлучи да го тужи пратеникот на ДПА, откако тој, во прашање за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, рече дека Беџети бил фатен со дрога и оружје во полициската акција во ноќниот клуб „Шери“. Министерот остро ги демантираше ваквите обвинувања, и му даде три дена рок на пратеникот за да се извини. Фазлиу не ја искористи можноста и не го повлече она што го кажа на собраниската говорница.
Министерот за правда го повика Фазлиу да се откаже од имунитетот и да се соочат на суд.
ФОТО: МИА