ФОТО: Заев одлучува кој суд е меродавен, а кој не
Дискутабилна пресуда која во голема мерка и ги врзува рацете на специјалната обвинителка, доколку аргументите во неа како урнек бидат земени и од скопските судови. Вака правни експерти ја толкуваат вчера објавената пресуда во полза на Заев со која Основниот суд во Струмица во процесот за клевета против Сашо Милковски, како аргумент го отфрли видеото во кое се гледа како лидерот на СДСМ бара пари од струмички бизнисмен, пишува Курир.мк
-Излегување на организирана прес конференција и изнесување на тврдења базирани на докази чија автентичност во најмала рака е спорна, судот не може да го прифати како бранење на некаков јавен интерес од страна на тужениот кој застапува политичка, а не граѓанска опција- стои во пресудата.
Со ваквото образложение, судот во Струмица потврдува дека целокупната кампања на Заев со таканаречените бомби, не била ништо друго освен клевета. Заев настапуваше од партиска говорница, како партиски лидер и со тоа, според аргументите во неговата пресуда го бранел само партискиот, а не и јавниот интерес.
Втор интересен аргумент во пресудата, според истите експерти е образложението дека „Тужениот не е ниту надлежен државен орган, ниту пак има било какво овластување да утврдува дали е некој сторител на кривични дела или не“.
Со оваа пресуда Заев и СДСМ го добија најконкретниот одговор за неколку месечните обвинувања за криминали врз основа на незаконските материјали. Празни и неосновани тврдења од некој што не е ниту надлежен орган, ниту има овластувања да утврдува дали некој е сторител на кривични дела.
Експертите велат дека, кога е во прашање Зоран Заев, во пресудата има уште еден прседан. „Судот оцени дека во конкретниот случај не е неопходна медицинска експертиза бидејќи станува збор за повреда на заштита на честа и угледот кои се морални и етички категории и не се докажуваат со егзактни научни методи“- стои во пресудата на струмичкиот суд.
Адвокатите кои ги консултиравме, велат дека Основниот суд во Скопје, без исклучок, за било кој функционер и да се работи, во вакви случаи бара медицинска експертиза, а таква е праксата и во останатите судови низ државата.
Дали ова не важи само за струмичкиот суд или само за судијата која го водеше предметот и дали е тоа основната причина Заев да одлучи да се појавува во овој суд, а не и во Скопје каде му се суди за кривичното дело „Барање поткуп“, одговорот го знае само Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа