СДСМ барал амнестија за Верушевски - претставникот на ДПА збеснал

 

СДСМ амнестија за Зоран Верушевски во преговорите меѓу партиите, јавува Дневник. Весникот пишува дека опозициската партија барала новиот закон за т.н. „свиркачи“ да важи ретроактивно и да го опфати и Зоран Верушевски, кој е првообвинет во аферата „Пуч“

 „Има луѓе кои се во затвор поради тоа што обезбедиле материјали од прислушување што биле подоцна искористени за јавен интерес“ – бил ставот на преговарачката на СДСМ.
Реакцијата била жестока од останатите партии а особено од ДПА.
Од партијата сметале дека не може човек кој 20 години ги прислушува граѓаните и за нив незаконски си прави досиеја.
- Особено остра беше реакцијата на претставниците на ДПА. Тие реагираа дека СДСМ со овој закон сака да му даде амнестија на Верушевски кој, како што рекоа, 20 години незаконски прислушува, собира материјали и прави лични досиеја за потоа да уценува со нив – ја раскажува дискусијата во групата еден од нејзините учесници за Дневник.
Од СДСМ одбиле да одговорат на прашањето на Дневник поврзано со оваа тема.

 

- Нашиот став е дека во Законот за специјалното обвинителство стои дека сите материјали треба да се предадат на обвинителката. Секој што има снимки, независно што се нелегално стекнати, а кои смета дека се од јавен интерес треба да ги достави до обвинителката, а не да ги објавува. Во тој случај нема санкција за него – коментира извор од ВМРО-ДПМНЕ, делумно вклучен во преговорите за Дневник

 
 
29.10.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега