Орален секс кој таа никогаш нема да го заборави!

 

Доколку успеете да го совладате, дамите ќе ве обожаваат!

Со оглед на тоа дека списанијата се преплавени со текстови за тоа на кој начин жените можат да им обезбедат орално уживање на мажите, време е и за мала замена на улогите. Момци, по оваа акција дамите ќе ве обожаваат!

1. Тргнете полека – Полека бакнувајте ја својата партнерка по целото тело, посветете им се на нејзините бутови и стомак пред да тргнете кон интимата. Овој потег ќе ја загрее пред главната акција. Приближете и’ се колку можете, лесно предизвикајте ја и вратете се назад на бакнување на остатокот од телото.

2. Загрејте ја – Пред да ја соблечете цела, обидете се нежно да дишете преку нејзините гаќички. Со кратките, но жешки издишки и давате до знаење што следува. По ова вратете се на бутовите и стомакот.

3. Немојте да брзате – Кога ќе започнете да ја бакнувате по интимните делови, тргнете полека од страните. Започнете со надворешните усни на вагината, лесно раширете ги и бакнете и’ ги внатрешните. Правете го тоа многу бавно бидејќи се’ уште си играте.

4. Почекајте за клиторисот – Обидете се да го избегнувате клиторисот колку што е можно, иако ја бакнувате многу близу. Кога ќе тргнете кон клиторисот, направете го тоа полека фокусирајќи се на првиот дел над клиторисот бидејќи многу жени преферираат недиректен допир пред да бидат доволно возбудени.

5. Азбучно лижење – Доколку се изгубите во лижење, обидете се да се пробате и со методата наречена азбука. Со лесни потези обликувајте букви од азбуката, но имајте во предвид дека центарот на се’ е клиторисот.

6. Всмукајте го – Доволно е возбудена? Започнете со всмукување на клиторисот во вашата уста и нежно поминете го со јазик. Обидете се ова да го правите се побрзо и побрзо. Жените го обожуваат тоа.

7. Следете ги нејзините реакции – Внимателно следете го нејзиното дишење и реакциите. Доколу гледате дека и’ одговара, продолжете со исто темпо, доколу го успорува дишењето – сменете ја тактиката.

8. ММММММММММрмлање – Нема да ви се верува но едноставен потег како овој е многу ефикасен. Соберете ги усните над клиторисот и затресете со главата како да сакате да тргнете нешто од лицето. Повторете го ова неколку пати.

9. Црвсто држење – Конечно нешто за вистинскитe мажи што неверојатно ја подигнува возбуденоста. Цврсто зграпчете ја за внатрешната страна на бутовите и притиснете го јазикот појако. Кога сте во оваа позиција, слободно со едната рака поминете пркеу нејзините гради и ставете прст во нејзината уста да ви ја долови возбуденоста.

10. Цело лице – Постои изрека: “Доколку ви се гледаат веѓите, не сте доволно внесени во оралниот секс” која не е измислена за да “кружи” по интернет, туку има вистина во неа. Употребете го носот, образите, брадата (свежо избричена) и пружете и незаборавно искуство на вашата драга.

11. Употребете ги прстите – Време е да ги употребите прстите и да ја пронајдете Г-точката. Доколку не успеете да ја најдете на овој начин, не се форсирајте, понатаму на другиот начин ќе успеете сигурно, сега доволно е да ја стимулирате само со прстите.

12. Очи во очи – Не заборавајте дека вашата партнерка има и други делови на телото, а особено прекрасни очи кои вас ве следат од време на време. Вратете и на погледот, директно очи во очи.

13. Следете што се случува – Кога вашата партнерка е близу до оргазам, направете се’ што ќе посака. Доколку ви ја притисне главата со нозе издржете ги тие неколку секунди бидејќи во тоа што следува нема да ви поверува ниту вашиот надобар пријател.

14. Кога треба да запрете – Клиторисот е многу осетлив после оргазам, па, откако ќе доживее оргазам започнете нежно да ја дигате главата и продолжете со бакнување на стомакот и остатокот од телото.

15. Дефинитивно не – Грицкање на клиторисот – строго забрането поради тоа што клиторисот е многу осетлив. Но доколку побара од вас да го направите тоа, тогаш немате избор. И избегнувајте да го внесувате целиот јазик во нејзината вагина.

Извор: Фокс

 
 
28.10.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега