„Преговорите не се мртви - СДСМ ги чека народ“
СДСМ ги одбива сите предлози кои доаѓаат на преговорите меѓу политичките партии. Извори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека имаат континуирани средби со посредникот и меѓународните претставници на највисоко ниво и дека нивната цел е нормализирање на состојбата и одржување на избори во април на кои граѓаните ќе можат да го кажат последниот збор.
Висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ за Сител вели дека преговарачкиот тим на владјечката партија континуирано нуди конструктивни предлози но од другата страна наидуваат на комплетно затворена врата бидејќи СДСМ одбива се без исклучок што остава впечаток дека опозициската партија има сосема друга цел.
По последните анкети кои покажаа убедлива предност за ВМРО-ДПМНЕ повеќе експерти најавија дека СДСМ ќе направи се за да ги блокира преговорите и на тој начин да си најде оправдување за бегство од изборите на 24 април. Тие предупредија дека од Бихаќка секојдневно ќе се испорачуваат нереални и нелогични барања во преговорите, а преку обвинителката Катица Јанева и нејзините мегаломански барања ќе се стави рампа на спроведувањето на Договорот од Пржино
Тоа денеска го потврди и портпаролот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање
Последните анкети на Брима Галуп и Институтот за политички истражувања покажаа дека СДСМ го чека уште еден убедлив пораз на априлските избори. Извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека на часовникот на опозицијата отчукува многу брзо и дека наскоро СДСМ го чека народ кој е високо мотивиран и сака да покаже дека ја сака својата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа