Латас: ЗНМ и Насер Селмани присилуваат новинари да не членуваат во МАН

Мора да се почитува слободата на секој граѓанин, а особено на новинар со кого и како ќе се здружува и кого ќе поддржува, вели денеска генералниот секретар на Македонската асоцијација на новинари, Драган Павловиќ Латас.

 

-За разлика од ЗНМ, кои се создадени врз основа на партиска воља и потоа функционираат со државни, дипломатски и соросидни пари,  МАН е создадена врз основа на слободна воља на новинари и никогаш не користрела диполоматски, соросоидни или државни пари. И основна разлика меѓу ЗНМ И МАН е слободата и независноста во делувањето, од создавањето, па до ден денес. Никој нема право да присилува или притиска новинари,  ниту некаде да членуваат, како што нема право да врши притисок против неговиот избор да членува во МАН, вели Павловиќ.

 

Според Латас, Насер Селмани и ЗНМ многупати вршеле притисоци врз новинари да не членуваат во МАН, паралелно со понудите од Сорос, кој, како што вели, нуди пари за проекти само за членови на ЗНМ, односно ако не сте член на МАН.

-ЗНМ и Насер Селмани вршеа притисок врз новинари на МТВ, како што сега вршат во неколку градови во внатрешноста врз новинари да не членуваат во МАН. Тоа само ја покажува нивната комунистичка и инфорбировска култура и сфаќање на политиката и новинарството, која до ден денес останала иста и во рамките на интересите на СДСМ. Сите членови на ЗНМ, станале членови на таа организација затоа што немало друга и во услови на монопол од страна на ЗНМ, вели генералниот секретар на МАН.

 

 

Според Павловиќ, сега кога новинарите имаат избор, Насер Селмани и ЗНМ не сакаат да им дозволат да ја уживаат и користат таа слобода.

најчитано сега