Деспотоски: Во моментов се решава проблемот со депонијата во Кичево

 

На денешното деветто продолжение на 63-тата седница на Комисијата за финансирање и буџет пратениците ја продолжија дебтата и амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2016 година.

На оваа седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски даде образложение и реплицираше во врска со амандманот поднесен од страна на пратеничката од СДСМ Биљана Настеска со кој таа бара од Буџетот на Република Македонија да се обезбедат 65 милиони денари за изградба на градска депонија во Кичево.

„Колешке Настеска, се е точно во врска со депонијата во Кичево. Но погрешна е адресата од која бараме пари за да се реши, со пари во моментов не се решава, туку прво треба да се изнајде регионална депонија каде ќе се однесе тој отпад“, вака започна репликата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Деспотоски.

Тој потоа продолжи и нагласи дека пратеничката подносител на овој амандман Настеска не била доволно информирана во врска со овој проблем и детално објасни како овој проблем се решава во моментов.

„Овој проблем се решава на овој начин. Значи преку Министерството за животна средина се обезбедени 4 милиони евра за југозападниот, пелагонискиот и скопскиот плански регион. До крајот на годинава како прва фаза треба да се избере економски оператор кој ќе работи на евалуација на пристигнатите понуди чија обврска е изработка на регионален план за управување со отпад во југозападниот плански регион. Во втора фаза регионалниот одбор за управување со отпад составен од градоначалници од југозападниот плански регион во кој спаѓа и Кичево, треба да изберат варијанта за изградба на депонијата преку начинот кој ќе биде соодветен за потребите и можностите“, објасни Благоја Деспотоски.

Како поранешен градоначалник на Општина Кичево, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благоја Деспотоски нагласи дека во мандатот додека тој бил градоначалник на Кичево, како што рече тој, превземал низа активности за решавање на овој горлив проблем за кичевчани.

„Не чекајќи од останатите градоначалници од нашиот плански регион, бидејќи тие не беа заинтересирани за решавање на овој проблем, јас сам направив проект за изградба на енергана. Со канадската фирма која е производител на опремата направивме пилот проект за согорување и ексцелерација на отпадот со што по согорувањето ќе се произведува електрична енергија. Тоа го направивме. Но канаѓаните бараа поголемо количество на отпад. Ние во Кичево можевме да обезбедиме само 20-30 тони дневно што е многу малку. Заради тоа тој пилот проект не успеа“, нагласи Деспотоски.

 

На крајот од својата реплика, Деспотоски посочи дека во сите места, ваков тип на проблем треба да се решава на овој начин односно со изнаоѓање на регионална депонија, со што подоцна би се изградило или енеграна или пак како што рече тој, по теркот на германската технологија кои вршат селектирање на отпадот, го продаваат, од органскиот отпад произведуваат компус односно арско ѓубриво со кое Германија ги ѓубрела своите полиња.  

 
 
27.10.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега