Со или без Пржино - избори во април ќе има

 

Се спровел договорот од Пржино или не, избори во април ќе има во секој случај. Извор од ВМРО-ДПМНЕ за весникот Дневник велат дека ништо не може да ги спречи најавените пролетни избори.
„Избори ќе има во секој случај бидејќи главниот договор за составот на ДИК, за изборните правила, за изборната кампања и дијаспората, за медиумските кампањи пред изборите, за Избирачкиот список како и за Законот за специјалниот обвинител се постигнати“ – вели извор од ВМРО-ДПМНЕ делумно вклучен во преговорите за Дневник.
Весникот пишува дека СДСМ преќутно се надева дека изборите ќе бидат одложени што го потврди и олеснувачот Ван Хојте  кој самоиницијативно ја најави оваа опција.
Од друга страна, официјален Брисел во неколку наврати потврди дека избори во април мора да има.

 
 
27.10.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега