По 20 години Хаџиски седна на обвинителната клупа: „Ништо не се сеќавам"!

Миле Хаџиски, најбараниот убиец во Македонија кој пред 20 години брутално ја уби својата девојка, по што успеа да и побегне на полицијата, денеска конечно седна на обвинителната клупа. Македонецот кој за време на убиството имал 21 години, во судницата тврдел дека не се сеќава на ништо, јавува Телма. Во исказот во Судот, убиецот раскажал дека таа вечер пиеле со убиената Мери Јошевска и дека потоа се разбудил следното утро во крв. Вели дека не се сеќава што се случило, но дека не е убиец.

За потсетување, Хаџиски пред 20 години во стан во Скопје ја уби својата девојка Мери Јошевска на свиреп начин. Убиството се случи на 18 јуни 1993 година кога тој дошол во станот во скопски Аеродром и започнал расправија со девојката. Тој најпрвин почнал да ја дави Мери со рацете, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и задал десетици убоди по целото тело. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен, што значи дека жртвата очајнички се бранела, но не успеала да се оттргне од канџите на насилникот. Девојката починала во големи маки.

По убиството тој успеа да избега од затвор. 

 
 
26.10.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега