Трудницата која почина во скопска Гинекологија била бремена по шести пат - дошла со тешка инфекција

На 25.10.2015. во 20.10 часот на ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ настапи смртен исход кај пациентка на возраст од 38 години со 6-та високоризична бременост која на клиниката е примена истиот ден со констатиран мртов плод во 24 гестациска недела (6-ти месец) со прснат воденик при што истекуваше гнојава содржина од утерус и истата имаше непријатен мирис како и сите тешки знаци на инфекција . Со пациентката е постапено по сите протоколи во вакви тешки случаи, со максимален залог на дежурната екипа на гинеколози  и анестезиолози од ЈЗУ У ГАК ,и анестезиолози од Карил , како и на раководниот тим на ЈЗУ У ГАК кој беше повикан и присутен на клиниката.

Семејството на пациентката беше во целост навремено информирано за состојбата на пациентката.

И покрај сите заложби на персоналот за жал дојде до смртен исход.

Членовите на комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствената  заштита итно се состана за овој случај со цел да се направи увид  во овој случај по што е констатирано дека се испочитувани сите процедури.

Ги замолуваме средствата за јавно информирање и пошироката јавност до добивањето  на обдукцискиот наод од релевентните институции како доказ за  дефинитивна причина поради која настапила смртта , да не објавуваат шпекулации во врска со случајот кои дополнитено би ја вознемириле јавноста и семејството

(Интегрален текст од соопштение наУниверзитетската клиника за Гинекологија и акушерство - Скопје)

 
 
26.10.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега