Вода сокови и обезбедување - еве што им треба на скромните ѕвезди 2cellos и Inna во Прилеп

 

Големите светски ѕвезди кои ќе настапат на претстојниот Пивофест во Прилеп немале посебни барања, објавува Курир. Порталот Курир дознава кои се барањата кои 2Cellos и Inna ги доставиле до општината Прилеп.

Момците од 2Cellos барале пред настапот да имаат бекстејџ соба во која ќе ги чекаат ладни освежителни пијалоци како вода и сокови. Тие слетуваат со авион, па побарале некој да ги земе од аеродромот. 

Inna исто така имала скромни побарувања. Таа побарала да биде сместена во хотел со добри услови и да биде чувана од обезбедување. Исто така, бидејќи ѕвездата пристигнувала во Солун, барала општината да и обезбеди превоз. Inna не побарала скапи јадења или шампањ, туку само освежителни пијалоци.

Општина Прилеп ги покрива трошоците за сместување и превоз на ѕвездите, кои ќе престојуваат во луксузниот хотел Салида.

најчитано сега