Несериозноста заштитен знак на СДСМ

 

Бомбашите од Бихаќка го почнаа утрото со закани па се премислија. Зоран Заев и Петре Шилегов на своите фејсбук профили утрото го почнаа со постирање на краткиот хаштаг #ТикТак. Со тоа Бихаќка ја стартуваше координираната акција која имаше цел да најави некаква офанзива и да создаде притисок на преговорите и уценување на преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ. Проработеа и црвените и сините телефони на Бихаќка па постовите громогласно одекнаа по порталите на СДСМ.

Со овој хаштаг креативниот потенцијал од Бихаќка посети на деновите кога Заев и СДСМ ги одржуваа нивните прес-конференции на кои објавуваа нелегално стекнати материјали. Медиумските сателити на СДСМ побрзаа да објават информација дека „најверојатно денес Зоран Заев ќе продолжи со објавување на бомбите“.

СДСМ и нивните медиуми удрија во ѕид. На овој заканувачки однос на Заев и Шилегов одговорија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го потсетија лидерот на СДСМ за обвиненијата со кои е соочен, односно дека уценувајќи и вршејќи притисок со „бомбите“ само си ја копа својата политичка дупка во која ќе допропадне по 24-ти април, доколку во меѓувреме не заврши зад решетки.

  Повторно се кренаа и црвените и сините телефони. Заев и Шилегов ја активираа рачната кочница, па героски на Плусинфо мораше да најавува дека „Денеска нема бомби“

 

 

Оцени ја веста

24.10.2015 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега