Велешанец си одгледувал 20 стебла марихуана во двор

 

Вчера околу 14 часот, полициска екипа извршила претрес на куќата на 35 годишниот А.И. во велешкото село Отовица. И, навистина, во куќата имало што да се види. А.И. во својот двор одгледувал 20 стебла од растението „канабис сатива“, додека во домот на велешанецот биле пронајдени 20 грама непозната тревкаста материја.

Од полицијата најавуваат соодветна пријава за А.И.

најчитано сега