Двајца скопјани тешко повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 28 сообраќајни незгоди.
Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив пет се последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник, додека во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, седум сопатници и двајца пешаци. Исто така, во една од несреќите пешак се здобил со тешки повреди.
Во неделата сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило. Се случила и железничка незгода во која еден пешак се здобил со тешка повреда.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа