„Без двоумење ја прифатив понудата“ - Никола Кеџо е новото засилување на Металург
Поранешниот десен бек на Диселдорф, Сиудад Реал, Алкобедас и Теукро, Никола Кеџо во наредните две години ќе го облече дресот на македонскиот ракометен клуб Металург. Тој во својата богата интернационална кариера настапи во двете најсилни лиги Бундес лигата и Асобал Лигата и ќе биде одлично засилување за тимот на Автокоманда.
- Иако имав уште една година од договорот со Чургу, по повикот на тренерот Лино Червар без секунда двоумење прифатив да играм за Металург, клуб со големо име и светла иднина во ракометна Европа. Сметам дека ова ќе биде голем импулс за мојата понатамошна кариера и ќе дадам сѐ од себе за да помогнам во остварувањето на зацртаните цели на клубот, вели хрватскиот интернационалец.