Трагедија во Прилеп: Младо момче загина на лице место - возилото цело со вода

 

Трагедија ја зави Македонија во црно. Николче Мирчески, 24-годишно момче од Прилеп го загуби животот во сообраќајна несреќа што изутрината се случи на патот Прилеп - Крушево. 

До несреќата дошло кога во 6 часот и 20 минути возило „Рено меган“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, излетало од патот кај селото Врбјани. За жал момчето починало на лице место, а возилото било пронајдено крај патот во ниви полни со вода.

Наредено е да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта.

На телото на момчето не се пронајдени телесни повреди, автомобилот бил речиси целосно во вода.

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега