Ограбена црквата „Свети Илија“ во Радожда- парите не биле цел на грабежот

 

Предмети од резба и црковна опрема се украдени од црквата „Свети Илија“ во струшкото село Радожда.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврдува случајот, посочувајќи дека според првичните сознанија парите не биле цел на грабежот.

- Според првичните информции пари не се земани. Украдени се предмети од резба, црковни царевни двери и други црковни предмети, изјави Димоски.

Вратата од црквата, како што појасни Димоски, насилно била скршена.

Полицијата врши увид и презема мерки за откривање на сторителите, а повеќе детали се најавуваат за утре. 

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега