Тројца Македонци на суд во Франција поради трговија со дрога

 

Кривичниот суд на Нанси, Франција, од 28 септември им суди на 35 лица, од кои две жени, државјани на Албанија и Косово, како и тројца македонски државјани. Судењето е во рамки на меѓурегионалниот специјализиран суд за трговија со дрога во организирана криминална група.

На судското рочиште, кое би требало да трае до 9 октомври, јави дописникот на МИА од Париз, од 22-та присутни на судењето, петмина се во затвор, додека другите се бранат од слобода под судска контрола, а останатите се во бегство.

Осомничените се товарат за шверц со хероин и кокаин и тоа според обвинителството во регионот на Сен-Луи, на трите граници со Франција, Швајцарија, Германија.

Истрагата, како што пренесува весникот Л’Ест Републикан, е отворена во текот на втората половина од 2010 година, со повеќе физички набљудување, прислушување и озвучувувања на автомобили, што довело до масовна полициска акција и апсења на 16 октомври 2012 од страна на швајцарската, француската и германската полиција.

Апсењата биле спроведени од страна на специјализираните полициски сили, Граничната полиција со тимови опремени со кучиња. При претресите тогаш биле пронајдени 8,5 килограми хероин и кокаин, 50 килограми производ за мешање на дрога и големи суми на пари. Јавното обвинителство на завршниот збор во текот на денот ќе ги соопшти побараните казни за обвинетите.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега